Повторно инциденти на истокот на Украина, Русија објави ново повлекување војска

Од:

Украина денеска соопшти дека забележала пораст на прекршувањата на примирјето од страна на сепаратистите поддржани од Русија на истокот на земјата, додека Соединетите Држави предупредија дека Москва подготвува провокации за да ја оправда инвазијата врз својот сосед во наредните денови.

Украинската војска соопшти дека забележала 60 прекршувања во изминатите 24 часа и оти еден војник бил ранет. Војската соопшти дека сепаратистите отвориле оган врз повеќе од 10 населени места, користејќи тешка артилерија, минофрлачи и тенк. Од друга страна и сепаратистите обвинуваат дека биле под напади на украинската војска во текот на ноќта.

Меѓусебните обвинувања за прекин на конфилктот и инциденти почнаа вчера кога беше гранатирана градинка.

Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, пренесе Бгнес.

– Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни Новгород по планираните вежби, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Исто така, се наведува дека 10 воени авиони биле повлечени од полуостровот Крим, анектиран од Москва.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека руските сили се подготвуваат да ја нападнат Украина во наредните денови.

Zа време на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина, Блинкен изјави дека Русија планира да формулира изговор за напад на Украина, кој, како што рече, може да вклучува вистински или лажен напад со употреба на хемиско оружје.

– Тоа може да биде означено како етничко чистење или геноцид, рече американскиот државен секретар за време на говорот во ОН.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да не ја претвораат седницата во циркус.

– Се изнесуваат неосновани обвинувања дека Русија наводно ќе ја нападне Украина. Имаше доволно шпекулации за тоа. Одмна дадовме објаснување за се, рече Вершинин.

– Сценаријата за милитаризација што ги претстави Блинкен се опасни и за жалење. Дел од руските воени сили се враќаат во базите, рече тој.

Зборувајќи за руското етничко малцинство кое живее во источна Украина, тој истакна дека овие луѓе се чувствуваат како странци во својата земја, тврдејќи дека тие се цел на украинската армија.

– Ќе се згрозите од документацијата што ја доставивме, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, без да даде повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски