Површината на шумските пожари во Сибирскиот федерален округ на Русија се зголемила над три пати во последното деноноќие до 11.300 хектари, соопштија локалните власти, јави ИТАР-ТАСС.
До утрово биле регистрирани 88 жаришта на пожари.
Најтешка е ситуацијата во Република Тува, каде горат 9.400 хектари.
Главни причини за избувнување на пожари се човечка небрежност и бури проследени со грмотевици.