Повредени од пожарот во романскиот ноќен клуб ќе бидат транспортирани со воени авиони во Холандија и Белгија

Од:

Два авиони на романските воздухопловни сили во текот на ноќта ќе ги транспортираат повредените во пожарот во букурешкиот ноќен клуб во Ротердам (Холандија) и во Брисел (Белгија), пренесе агенцијата Аџерпрес.

Два авиони, тип C-27J Спартан на романските воздухопловни сили, опремени за мисии за медицинска евакуација, ќе остварат ноќеска две итни хуманитарни мисии кон Ротердам и Брисел за превоз на пациенти, повредени во пожарот во ноќниот клуб „Колектив” се посочува во соопштението на Министерството за одбрана.

Во Холандија ќе бидат префрлени девет пациенти, од кои шестмина се на апарати за дишење, а во Белгија – осуммина повредени, од кои тројца се на апарати за дишење.
    
Мисиите ќе се остварат по барање на Одделот за вонредни ситуации при  Министерството за внатрешни работи.

Во пожарот во ноќниот клуб „Колектив” на 30 наспроти 31 октомври загинаа 32 лица, а околу 200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година