Кандидатот за претседател на Авганистан, Ашраф Гани ги повлече своите набљудувачи од повторното пребројување на гласовите од изборите во земјата, кое се врши под надзор на ОН, откако неговиот противкандидат Абдула Абдула го прекина учеството во проверката.
– Иако изгледа неправедно, од политичка гледна точка тоа беше поразумно, изјави Дауд Султанзој, претставник од тимот на Гани.
Според него, ОН побарале набљудувачите на Гани да го напуштат процесот во интерес на правдата.
Султанзој истакна дека Независната избирачка комисија ќе го продолжи повторното пребројување.