Повеќето Филипинци против втор мандат за претседателот Акино

Од:

Шест од десет жители на Филипините се против идејата со промена на Уставот да му се даде можност за кандидатура за уште еден мандат на сегашниот претседател Бенињо Акино. Ограничувањето на можноста за втор избор на шеф на државата го воведе мајката на сегашниот претседател Корасон Акино, мотивирана од лошите искуства на долгото владеење на диктаторот Фердинанд Маркос, кој насилно беше срушен во 1987 година.

Испитувањето на јавното мислење го спровела угледната агенција „Пулсот на Азија’’, чии предвидувања во досегашнте 15 годишни истражувања немале грешка поголема од 3 посто.

Анкетарите во август и септември дирекно ги испитувале ставовите на 1.600 филипинци.

Анкетата е спроведена по повод се почестите гласини дека претседателот Акино ќе побара можност за уште еден мандат. Неговата популарност, која на почетокот на мандатот пред 4 години беше над 75 посто, годинава опадна под половина, најмногу поради неефикасното спровеување за драстично намалување на бројот на жителите на Филипиникои живеат во сиромашија.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони