Повеќето Американци веруваат дека тортурата е оправдана

Од:

Повеќето Американци, односно 51 отсто сметаат дека е оправдано користењето на тортура за време на сослушување на лица осомничени за тероризам, додека 29 проценти не ги оправдуваат методите, кои ги користела американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти синоќа Центарот за истражување Пју.

Околу 56 отсто од Американците сметаат дека употребата на тортура придонела за откривање на информации со кои се спречени терористички напади, 28 имаат спротивно мислење, додека 16 отсто немаат никаков став по ова прашање.

Вкупно 42 отсто од Американците веруваат дека одлуката на Сенатот за објавување на извештајот за ЦИА е добра, додека 43 отсто ја сметаат за лоша.

Американскиот Сенат минатата недела објави извештај во кој ги опишува техниките за измачување на притворените лица осомничени за тероризам, кои ги спроведувале агентите на ЦИА.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски