За обновувањето на лабораторијата во која работел визионерот и научник Никола Тесла, се собрани 1, 3 милиони долари донации од интернет корисниците.
Организаторите се надеваат дека ќе успеат со овие пари да ја купат лабораторијата што се наоѓа во близина на Њујорк и да изградат научен центар.
Преку сајтот „Indiegogo“ луѓето од повеќе од 100 земји низ светот со своите доброволни прилози ја поддржаа идејата на стрип авторот Матеј Инман за обнова на лабораторијата на Тесла.
Тој започна да собира пари за својот проект во август годинава.