Повеќе од 70 познати личности преку отворено писмо побараа од Путин третман за Навални

Од:

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи да му обезбеди третман на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор во казнена колонија.

Потсетувајќи на неговата болест, потписниците напишаа: „Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор“.

Нивниот повик беше објавен денеска во повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист“ на англиски јазик.

Писмото го потпишаа авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Мулер, Луиз Глук и Светлана Алекијевиќ, членот на Аба, Бјорн Улвеус, британските актери Бенедикт Камбербач и Кристин Скот Томас, историчарите Нил Фергусон и Симон Шама…

Во писмото се наведува дека Навални е во критична состојба.

„Господине претседател, ве повикуваме веднаш да му пружите медицинска помош и нега што му е итно потребна на Алексеј Навални, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал да го почитува законот, сега само треба да го примените во пракса“.

Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат посета на лекар. Во моментов му се заканува принудна консумација на храна.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец