Повеќе од 60 Украинци и еден Американец ослободени во нова размена на затвореници со Русија

Од:

Еден американски и 64 украински војници се ослободени при размена на заробеници меѓу Украина и Русија, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

„64 војници на украинските вооружени сили кои се бореа во областите на Доњецк и Луганск се вратија дома“, напиша на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак и прецизира дека во оваа размена е ослободен и еден Американец – Суеди Мурекези.

Мурекези беше уапсен во јуни во источна Украина, по што на почетокот на август беше обвинет за „учество во проукраински и антируски демонстрации“ и „поттикнување расна омраза“ во Херсон на почетокот на конфликтот, пренесе ТАСС. Според неговиот адвокат, тој на овие демонстрации завршил случајно, никогаш не учествувал во воени операции во регионот на Доњецк, а во Херсон работел во ноќен клуб.

За време на денешната размена, во Украина се вратени и телата на четворица загинати украински војници, дополни Андриј Јермак

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск