Повеќе од 500 илегални имигранти спасени во близина на италијанскиот брег

Од:

Над 500 илегални имигранти се спасени во Средоземно Море и се префрлени во Италија, но двајца од нив починаа, соопштија денеска италијанските власти.

Патролата на воената морнарица соопшти дека синоќа 103 имигранти од Сомалија, меѓу кои 29 жени, биле спасени од гумен чамец, кој почнал да тоне. Тие биле префрлени на островот Лампедуза, но по патот двајца од нив починале.

Истата патрола денеска спасила уште една група од 151 имигранти во Сицилијанскиот канал, а потоа биле однесени во пристаништето Аугуста, источен брег на Сицилија.

Уште 200 имигранти, меѓу кои и две бебиња спасени се во близина на Сиракуза. Во ноќта меѓу вторникот и средата спасени се околу сто имигранти, пред се семејства од Сирија, во близина на брегот на Калабрија. Спасувачката операција ја извела агенцијата Фронтекс, одговорна за управување со границите на Европската унија.

Во првите седум месеци од годинава, 12.000 имигранти пристигнале на малиот остров Лампедуза.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он