Повеќе од 50 милиони луѓе во Кина отсечени од светот поради карантин во 16 градови

Од:

Кинеските власти воведоа забрани за сообраќај во три други градови денеска за да спречат ширење на коронавирусот, отсекувајќи од светот повеќе од 50 милиони луѓе во вкупно 16 градови.

Покрај тоа, во Вухан, што веќе е во изолација, употребата на повеќето возила, вклучително и приватни автомобили, е забранета во центарот. Државните медиуми во Кина известуваат дека само на возилата за достава ќе им биде дозволен сообраќај после полноќ.

Јавниот превоз е прекинат во почетокот на неделата, како и летовите и железничкиот сообраќај.

Околу 6.000 такси возила ќе бидат пренасочени кон периферијата на Вухан, за да им помогнат на граѓаните. Во Вухан пристигнаа 450 воени лекари со искуство во лекувањето на САРС и ебола.

Кинеските медиуми исто така јавуваат дека лекар починал во Вухан од вирусот. За друг лекар, се вели дека починал, но од срцев удар поради исцрпеност после часови прегледи. Досега, 41 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 1.300 се заболени.

Би можело да ве интересира

Кинески град дава по 1400 долари за сомнителни случаи кои сами ќе се пријават

Ана Ололовска

Кина минатата година доби нови 182 милијардера, а САД 59

Ана Ололовска

Бројот на починати од коронавирус во Кина продолжува да се намалува

Ана Ололовска

Санкции од САД за Кина, Ирак, Русија и Турција поради кршење на договорот за нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Во кинеската економија „вбризгани“ 112 милијарди долари поради епидемијата

А1он

„Теско“ дефинитивно се повлече од кинескиот пазар

Ана Ололовска