Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Од:

Во услови кога војната во Украина е главна тема на вестите во светот оваа година се поднесени дури 343 кандидатури за Нобеловата награда за мир.

Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека станува збор за 251 кандидати поединци и 92 организации. Рекордна по бројот беше 2016 година кога за наградата беа поднесени 376 кандидатури.

Руската воена интервенција во Украина сепак би можел да влијае врз списокот кандидати оттаму што петтемина членови на Одборот за доделување на наградата имаат право да предложат свој кандидат што би можело да се случи веќе в понеделник за кога е закажана нивната прва работна средба.

Иако Институтот не ги открива кандидатите, некои од нив веќе се познати поради тоа што нивниот идентитет можат да го објават приватните или правните лица што ги поднеле кандидатурите за нив.

Веќе за наградата се предложени демократски активисти од Мијанмар, белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, папата Франциск и некои од активистите за борба против климатските промени, како младата Грета Тунберг и славниот Дејвид Атенборо.

Застапникот на норвешката популистичка десница во саботата истакна иако најверојатно е веќе доцна, за годинешната кандидатура сакале да го предложат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина