Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи

Од:

Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи во шпанската железничка компанија „Ренфе“. Ова е првпат во историјата на Саудиска Арабија жените да имаат пристап до оваа професија, се вели во соопштението на компанијата.

Како што е наведено, масовниот одѕив ја покажува големата трансформација на жените како дел од работната сила во таа земја за многу кратко време.

На жените во таа конзервативна држава неодамна, од 2018 година, им беше дозволено да возат свои автомобили.

Избраните 30 кандидати ќе управуваат со брзи возови меѓу саудиските свети градови Мека и Медина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија