Повеќе од 2.400 украински деца се однесени во Белорусија

Од:

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и 17 години се однесени во 13 институции во Белорусија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, се вели во студијата на Универзитетот Јеил, чии резултати беа објавени денеска. Украинскиот државен обвинител во мај изјави дека ја истражува наводната улога на Белорусија во присилното преселување на повеќе од 19.000 идентификувани деца од областите окупирани од Русија од почетокот на конфликтот, вклучително и во Русија.

Според некои експерти и организации, вкупниот број е многу поголем. Наодот на Лабораторијата за хуманитарни истражувања на Факултетот за јавно здравје Јеил е најсеопфатниот досега за ова прашање. Русија вели дека обезбедува хуманитарна помош за оние кои сакаат доброволно да ја напуштат Украина и ги негира обвинувањата дека врши воени злосторства.

Во извештајот на 39 страници се наведува дека децата биле преселени од најмалку 17 градови во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Научниците од Јеил истакнуваат дека се уште се спроведува, со помош на Белорусија. Повеќе од 2.000 деца идентификувани од Јеил биле префрлени во Детскиот центар Дубрава во Минската област од септември 2022 до мај 2023 година, а 392 биле префрлени во 12 други институции.

„Руската федерална влада и белорускиот режим работат заедно за да го координираат и финансираат трансферот на децата од окупирана Украина преку Русија во Белорусија“, се вели во извештајот.

– Трансферот на децата во Белорусија преку Русија е „на крајот координиран“ од рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко, се вели во соопштението.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налог за апсење на Путин во март, обвинувајќи го заедно со руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам