Повеќе од 2.200 лица починале од ебола во Конго, каде што борбата против болеста е запрена поради неодамнешните напади врз медицинските работници, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во епидемијата на ебола која избувна на 1 август 2018 година, досега починале 2.201 лице, се вели во соопштението и се додава дека меѓу 20 и 26 ноември се пријавени шест нови случаи на болеста.
Вкупно четири лица задолжени за борба против еболата неодамна беа убиени во напад во источен Конго, потсетија властите додавајќи дека ОН привремено ја прекинале испораката на хуманитарна помош од безбедносни причини.
Повеќе од 100 цивили се убиени во ноември во напади кои и се припишуваат на вооружена група од Уганда.