Повеќе од 120.000 се без електрична енергија и вода во Херсонската област

Од:

Повеќе од 120.000 луѓе останаа без електрична енергија и вода во седум области на украинскиот Херсонски регион поради гранатирање на трафостаница, објави прорускиот гувернер на регионот, Володимир Салдо, на Телеграм.

Тој во објавата прецизираше дека 192 населби во седум општински области останаа без електрична енергија и вода, вкупно над 120.000 луѓе, како резултат на украинското гранатирање на трафостаницата, пренесува РИА Новости.

Салдо истакна дека државните објекти се обезбедени со резервни извори на енергија и дека ситуацијата е под контрола.

Русија го анектираше украинскиот Херсонски регион, кој се наоѓа во долниот тек на Днепар, во септември 2022 година, по референдум што Киев не го признава.

Во моментов, руската армија контролира 75 проценти од регионот, а украинската армија го држи десниот брег на Днепар, вклучувајќи го и градот Херсон, според РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он