Повеќе од 100 луѓе загинаа во илегална нафтена рафинерија во Нигерија

Од:

Во експлозија во нелегална фабрика за преработка на нафта во нигериската држава Риверс вечерва загинаа повеќе од 100 луѓе, изјави претставник на локалната власт.

„Пожар избувна во нелегално складиште за нафта и во експлозијата изгореа повеќе од 100 луѓе до непрепознатливост“, изјави денеска државниот комесар за нафтени ресурси Гудлак Опиа.

Невработеноста и сиромаштијата во делтата на Нигер се причина поради која нелегалните рафинерии за нафта станаа атрактивен бизнис, но со смртоносни последици.

Суровата нафта се вади од лавиринт цевки во сопственост на големи нафтени компании, а потоа незаконски се рафинира во гориво и се складира во импровизирани резервоари. Овој опасен процес предизвика бројни фатални несреќи и загадување во регионот веќе контаминиран со излевање на нафта на фарми, потоци и лагуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи