Повеќе десетици загинати во административен спор меѓу две етиопски области

Од:

Десетици лица се убиени од петокот досега во областа Афар, во североисточна Етиопија, во која веќе подолго време се води територијален спор меѓу две административни области за границата, а и двете страни ја негираат одговорноста за насилството.

Портпаролот на регионот Афар, Ахмед Калоите, за француските медиуми изјави дека безбедносните сили на овој сомалиски регион ја нападнале областа Харука, „неконтролирано пукајќи врз жителите и убивајќи најмалку 30 номади и ранувајќи 50 други“.

-Локалната заедница потоа ги одби напаѓачите, рече тој.

Но, вчера силите од сомалискиот регион се вратија во Харука и во уште две други области вооружени со митралези и ракетни фрлачи на возилата и „убија непознат број цивили, вклучувајќи жени и деца во нивните домови, на спиење“, додаде тој.

Овие тврдења не може да се проверат, како ни тврдењата на неговиот колега од спротивставениот сомалиски регион, кој кажа дека силите во регионот Афар го почнале насилството.

-Најновото насилство почна во петокот, кога полицијата од регионот Афар од засега непознати причини ги нападна сомалиските номади, изјави портпаролот на сомалискиот регион, Абдо Хелое, пренесоа француските медиуми.

„Досега се убиени повеќе од 25 цивили и повеќе од 30 се ранети“, додаде тој, појаснувајќи дека нападот продолжува и дека федералните власти „не преземаат никакви мерки за ублажување на ситуацијата“.

Овој конфликт меѓу афарските и сомалиските региони во Етиопија ги нагласува тензиите во етиопскиот систем на „етнички федерализам“, што не се ограничени само на неодамнешниот вооружен конфликт во северниот регион Тиграј.

Етиопија е поделена на десет административни региони по етничка линија и со широки овластувања, а земјишните или политичките спорови меѓу регионите понекогаш се претвораат во крваво насилство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он