Поука за Ангела Меркел: Добрите намери не секогаш се и добра политика

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

И покрај сите епски војни и потреси, 20-иот век заврши со нешто убаво: појавата на Федералната република Германија и првпат во најновата историја обединета, демократска, стабилна просперитетна и мирна германска република.

Кога бранот од стотици илјади бегалци тргна кон Европа од Сирија и од други кризни држави во летото 2015 година, германската канцеларка Ангела Меркел донесе одлука да ги прифати како можност поствоените постигнувања на нејзината земја да им помогнат на новодојдените, пред кои други во Европа ги затворија вратите.

– Германија е силна држава. Начинот на кој се однесуваме кон ова прашање треба да биде: се справивме со толку многу проблеми, ќе се справиме и со овој, изјави таа.

Тоа е смел чекор за секоја политичка култура. Во поствоена Германија, каде внимателно се гледа на политичкото раковоство кое презема ризици, дури и заради очигледно добри каузи, чекорот на Меркел беше многу драматичен.

Тоа не се покажа успешно. вистина е дека милиони Германци доброволно им помагаа на бегалците која таа ги покани, често со добар резултат. Но, милиони други Германци реагираа негативно кога трошоците пораснаа и се натрупаа социјални проблеми – вклучително и случаи на сексуални напади и убиства на новодојдени, а што е уште пострашно, и на тероризам.

Рејтинзите (нејзините изборни резултати) на Меркел се срушија. Десната партија Алтернатива за Германија (АГ), антиемигрантска формација слична на францускиот Национален фронт, која претходно имаше само формално присуство на изборите, нагло собра сила до таму што денес секој осми Германец ја поддржува.

Наместо пример за силата на моралното раководење, одлуката на Меркел се повеќе изгледаше како пример која висока цена (понекогаш) можат да имаат добрите намери. Во време кога светот има потреба од силна и уверена во себеси Германија, нејзините решенија ја урнаа скалата врз која тааа стабилност и таа доверба почиваа по Втората светска војна: внатрешниот политички консензус, договорен од главните политичките партии кои располагаа со широка база.

Како резултат на тоа сега цели шест партиии – од крајнодесничарската АГ до поранешноисточногермански комунисти на крајната левица – се во ситуација да ја поминат петпроцентната бариера која гарантира место во Бундестагот, на парламентарните избори закажани за следната година. И сето тоа – без да ги наведуваме внатрешните тензии во владеечката центристичка коалиција на Меркел и оштиот раст на политичка нетолерантност од американски тип, кое силно го збунува остареното (германско) општество, кое се повеќе обезвреднува.

Тоа може да изгледа како претерана остра оценка за еден канцелар, кој – ајде да повториме – се обидува да направи правилни нешта и тоа под силен притисок во време кога во европските медиуми доминираат снимки од очајни мажи, жени и деца кои бегаат од ужасите на војната.

Изгледа дека и самата Меркел, погледнувајќи наназад, ја споделуваа таа оценка, макар и само бегло. „Ситуацијата како таа од кракот на летото 2015 година, не треба и не мора да се повтори, рече таа на годишната конференција на нејзината партија, Демохристијанскиот сојуз. Тие зборови беа дочекани со бурни аплаузи.

Таа исто така вети дека многу од луѓето кои Германија ги прими, ќе бидат вратени назад и дека на оние кои ќе останат нема да им биде дозволено да создадат „паралелно општество“. Сакајќи да расчисти секакви сомнежи за каков вид на „паралелно општетво“ зборува, таа повика на најширока забрана на бурките – покривките за целото тело кои ги носат муслиманските жени, и додаде „нашите закони имаат приоритет над законите на честа и шеријатот“.

Со други зборови, Меркел сега се стави во ситуација да копира некои од точките од програмите на десните популисти, стремејќи се да привлече го електорат од кои 40 проценти е согласен со тврдењето дека „исламот го поткопува германското општество“, како што посочува најново истражување на Фондацијата Феридрих Еберт.

Најверојатниот политички исход во Германија, каде повеќе луѓе се уште ги симпатизираат бегалците кои ги сметаат за најобични луѓе кои имаат потреба од помош, е дека Меркел и нејзините сојузници ќе успеат да се задржат на власт, иако со намалена поддршка. Бидејќи напливот од бегалци во последните месеци секна, нејзиното одборување во рејтизните порасна.

Се разбира, тоа привремено скратување беше постигнато со помош на диктаторот од Турција – Реџеп Таип Ердоган, кој договори со Меркел сопирање на бегалскиот бран кон Европа преку неговата земја во замена за помош вредна 6,3 милијарди долари, и – како што истакнуваат кртичарите – на германската осуда за кршењето од турскиот режим на човековите права.

Сакајќи да ја потсети Меркел дека му е должна, Ердоган неодамна се закани да го поништи договорот и повторно да го пушти бегалскиот бран како одговор на „обидот“ (според зборовите на диктаторот од Анкара) кој му го нанесе Европскиот парламент.

Нејасниот сојуз на Меркел со Едоган, како и новиот потврд курс кон прашањата за емиграцијата и асимилацијата која таа го објави минатиот вторник, може да го надразни слухот на оние почнаа да ја поздигнуваат германската канцеларка како последната и најдобрата противничка на либералнодемократските вредности на сметка на бранот од десниот популизам, олицетворен во избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Можеби постои и пореалистична поука: Ниту една влада не може да направи повеќе добри нешта, отколку е самата способна да понесе политичка одговорност за нив.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани