Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека во земјата се регистрирани уште 23 случаи на МЕРС, со што вкупниот број на заболени од Блискоисточен ресипраторен синдром е зголемен на 87.
Министерството наведе дека 17 нови случаи на заболени се поврзани со лицето во болницата во Сеул, каде престојуваше првиот пациент, кај кого подоцна е дијагностициран МЕРС.
Во Јужна Кореја досега пет лица починаа од МЕРС, а Владата вети дека со сите расположливи средства ќе ја сузбие епидемијата на болеста, која се заканува да се прошири на целата држава, а во кои спаѓа и следењето на мобилните телефони на луѓето во домашен карантин.
Во карантин се наоѓаат околу 2.300 лица, од кои 2.100 не сметат да излегуваат од дома и мораат да ја ограничат интеракцијата со другите, додека околу 200 се во изолација во државните болници.
Ова е најголема епидемија на МЕРС надвор од Саудиска Арабија, каде во 2012 година заболеа 950 лица.