Потврдена пресудата од 20 години затвор за поранешниот египетски претседател

Од:

Египетскиот Касациски суд ја потврди пресудата од 20 години затвор за поранешниот претседател Мохамед Морси и за уште 12 лидери на забранетата група Муслиманско братство.

Пресудата беше изречена за делото немири пред претседателската палата во Каиро кон крајот на 2012 година. Во април минатата година судот ги прогласи за виновни поради провоцирање на насилство, при што загинаа луѓе. Тие беа обвинети за убиство со предумисла на демонстранти, за што е предвидена и смртна казна. Обвинетите тогаш ја обжалија пресудата.

На петти декември 2012 година противниците на Муслиманско братство се собраа пред претседателската палата при што беа нападнати од вооружени приврзаници на исламистите, кои во тоа време беа на власт во Египет. Во судирите, според властите загинаа 10 луѓе, а според демонстрантите – 20, а беа повредени 700 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува