Потврдена 25-годишната затворска казна за поранешниот египетски претседател Мохамед Морси

Од:

Египетскиот Апелациски суд ја потврди 25-годишната затворска казна за соборениот исламистички претседател Мохамед Морси, обвинет дека додека бил на функцијата на Катар му предал тајни државни документи, пренесе ДПА.

Освен тоа, судот ја укина 15-годишна затворска казна, изречена против Морси за друго обвинение, поврзано со истиот случај, соопшти државниот весник „Ахрам“.

Судот засега не ги образложи мотивите за своите одлуки, што веќе не подлежат на обжалување.

Судот во Каиро во јуни минатата година го осуди Морси на 40 години затвор по две одделни обвиненија, поврзани со овој случај.

Катар беше клучниот сојузник на веќе веќе забранетата партија „Муслиманско братство“ на Морси. Исламистот, кој стана првиот демократски избран претседател на Египет, во 2013 година беше соборен од армијата по масовните протести против неговото владеење. Потоа против него беа покренати неколку кривично-правни предмети.

ТАСС забележува дека потврдената пресуда против Морси е доживотна, но во Египет таа се ограничува на 25 години затвор. Освен тоа, судот ја потврдил и одлуката за одредување на најтешката казна за тројца поддржувачи на „Муслиманско братсво“, обвинети за истото дело.

Вкупно 11 лица беа обвинети за шпионажа во корист на Катар, а процесот траеше над 1,5 година и во него беа оддржани над 100 заседанија на судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува