Филипинскиот конгрес денеска го потврди изборот на Фердинанд Маркос Помладиот за претседател на Филипините, речиси четири децении откако неговиот татко беше соборен во револуцијата.
„Ќе ве замолам да ми посакате среќа, сакам да направам нешто добро за оваа земја“, изјави Маркос, кој на неодамнешните избори освои речиси 59 отсто од гласовите.
Сенатот и Претставничкиот дом за потпретседател ја именуваа Сара Дутерте, ќерката на претседателот во заминување Родриго Дутерте, чиј мандат истекува на 30 јуни.
Извор: МИА