Потпишан договорот за државната граница меѓу Русија и Јужна Осетија

Од:

Министрите за надворешни работи на Руската Федерација и Јужна Осетија, Сергеј Лавров и Давид Санакоев, денеска во Москва го потпишаа договорот за државната граница меѓу двете земји, јави ТАСС.

Русија во 2008 година ги призна Јужна Осетија и Абхазија за независни држави, откако во неколкудневната војна ја порази и понижи Грузија, земјата која се обиде да ја поврати контролата врз двата отцепени региона.

„Еден договор за државната граница има значење на меѓник во системот на меѓудржавни односи на кои да било соседни земји“, коментира руското Министерство за надворешни работи.

-Сметаме дека на крајот овој договор ќе ја разбистри ситуацијата околу инсинуацијата од грузиска страна за некаква „анексија“ и „приклучување“ на Јужна Осетија, изјавија руските дипломати.

-Договорот ќе помогне да се растурат шпекулациите за тоа што всушност претставуваат врските меѓу нашите држави, изјави Лавров по потпишувањето на документот.

Односите на Русија со Јужна Осетија и со Абхазија „ќе се развиваат и во иднина врз рамноправна основа и со взаемно почитување“, уверува Лавров.

Русија и Јужна Осетија го делат ставот дека везот на Грузија во НАТО нема да помогне за стабилноста во Задкавказјето, рече Сергеј Лавров по разговорот со Санакоев. 

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија