Потона норвешки товарен брод во близина на Виетнам, 18 загинати

Од:

Норвешката компанија „Гербулк“, сопственик на повеќе товарни бродови, денеска соопшти дека еден нејзин пловен објект потонал покрај брегот на Виетнам, при што бил спасен само еден од 19-члениот филипински екипаж.

Според воетнамските служби за спасување, досега се пронајдени телата на двајца членови на екипажот.

Компанијата „Гербулк“ соопшти дека бродот „Балк Џупитер“ се наоѓал на 155 наутички милји од виетнамскиот брег, на пат од Малезија кон Кина, кога испратил повик за помош.

Спасувачката акција била оневозможена поради лошите временски услови и високите бранови.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ