Две лица загинаа при потонување на ферибот на Филипините. Четириесет и еден се спасени, јавија локални медиуми повикувајќи се на изјава на член на крајбрежната стража.
Според него, четиринаесет луѓе се водат како исчезнати.
Бродоломот се случил во близина на брегот на централната провинција Масбат. Во бродот имало 35 патници и 22 луѓе екипаж. На палубата имало два автобуса и шлепер за кои се претпоставува дека биле неправилно поставени и поради тоа бродот се превртел.
Во декември 1987 година при судар на патнички брод и нафтен танкер во близина на Филипини загинаа околу четири илјади луѓе.