Преполн брод на кој се наоѓале мигранти од Бангладеш, кои се обидувале да стигнат во Малезија, потона денеска во близина на бангладешкиот брег, при што повеќе од 20 лица се водат како исчезнати, соопшти полицијата.
Спасувачките екипи од водите на Бенгалскиот Залив успеале да извлечат 32 лица, а по останатите се трага.
– Не се знае каде се нешто повеќе од 20 лица. Припадниците на крајбрежната стража и полицијата продолжуваат со спасувачката операција, изјави началникот на локалната полиција, Масуд Алам. – Луѓето, кои се спасени ни кажаа дека на бродот се наоѓале околу 60 луѓе, додаде Алам.
Тој истакна дека сите спасени луѓе се држајани на Бангладеш, кои се упатиле кон Малезија.
Илјадици сиромашни жители на Бангладеш секоја година се обидуваат да емигрираат во Малезија и се одлучуваат на опасното патување во таа земја долго 3.200 километри.