Потона брод со околу 600 мигранти од Африка

Од:

Најмалку 16 лица загинаа, а околу 250 други се спасени кога брод, што превезувал околу 600 илегални имигранти од Африка, се преврти денеска во водите на Средоземното Море во близина на либискиот брег, соопшти портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Мелиса Флеминг.

Италијанските медиуми наведуваат дека се старвува оти при бродоломот се удавиле неколку стотици лица.

Потрагата по преживеани, во кој се вклучени бродови на италијанската Крајбрежна стража, еден ирски воен брод и еден брод на организацијата „Лекари без граници“, продолжува.

Бродот утрово испловил од Либија, но по изминати само 15-тина наутички милји, испратил повик за помош, на што одговорила италијанската крајбрежна стража од базите на Сицилија.

Според медиумите, кога до бродот се доближил првиот спасувчки чамец, поголемиот број од имигрантите се префрлила на едната негова страна, по што тој се превртел.

Претставник на италијанската Крајбрежна стража изјави дека бродовите што ги превезуваат спасените имигранти се толку преоптоварни „што е доволно само еден дел од патниците да станат и тие да се превртат“.

Портпаролот на Канцеларијата на УНХЦР во Италија, Федерико Фоси, соопшти дека постои стравување оти еден дел од имигрантите биле во подпалубниот простор на бродот и таму останале заглавени по неговото превртување.

Од почетокот на годинава во обид да стигнат до Европа во водите на Средоземното Море се удавија над 2.000 имигранти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег