Потона брод на реката Јангце, 21 лице загина

Од:

Најмалку 21 лице загина, а едно се води за исчезнато, откако на реката Јангце, во источната кинеска провинција Дјангсу, потона реморкер, соопштија кинеските власти.

Три лица, сите од кинеска националност, се спасени, а спасувачите и натаму трагаат по едно лице.

Реморкерот, во кој се наоѓале 25 лица, во време на несреќата бил на пробна пловидба.

Меѓу настраданите се осум странски државјани – четворица на Сингапур, еден Индонезиец, еден државјанин на Малезија, Индиец и Јапонец.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски