Потера по 49 затвореници

Од:

Во Папуа Нова Гвинеја, во тек е потера по 49 затвореници меѓу кои е и така наречениот „Црн Исус “, кој што е осомничен за канибализам.

Затворениците побегнаа од затворот во Маданг, а меѓу избеганите затвореници е и Стефан Тари осомничен за силување.

Тари поранешен лутерански свештеник, познат како „Црн Исус“, е осуден на десет годишна затворска казна во 2010 година, за силување на девојчиња членови на неговата секта.

Во тоа време имал повеќе илјади следбеници, меѓу кои и одредот на вооружени борци кои го штителе.

Тој проповедал дека младите девојки треба да се омажат за него, бидејќи тоа е божја волја, пренесе „Франс прес“.

Кога беше притворен во 2007 година се ширеа гласини дека неговата секта практикува канибализам и крвави ритуали со принесување на жртви, но полицијата го обвини само за силување.

Според командирот на полицијата на провинцијата Маданг, инспекторот Џејкоб Бандо некои од затворениците се многу опасни, можеби и вооружени, а особено Тари односно „Црн Исус“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари