Постигнато е локално примирје околу нуклеарната централа Запорожје

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека постигнала договор за привремено прекинување на непријателствата во близина на нуклеарната централа Запорожје.

„Денес, МААЕ обезбеди договор меѓу Руската Федерација и Украина за спроведување на локално примирје, што ќе овозможи почеток на поправки на последниот преостанат резервен далновод во нуклеарната централа Запорожје“, се вели во писмената изјава на директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, пренесува РИА Новости.

Како што е објавено, експертите на украинскиот оператор на електрична мрежа ќе започнат со поправка на 330 киловолтниот далновод, кој беше оштетен и исклучен на 2 јануари.

По тој напад, нуклеарната централа остана само со еден функционален главен далновод, од 750 киловолти.

„Тим на МААЕ отпатува од Виена до фронтовската линија за да ги следи работите за поправка“, додаде Гроси.

Гроси рече дека агенцијата продолжува тесно да соработува со двете страни за да обезбеди нуклеарна безбедност во централата и да спречи нуклеарна несреќа во тековниот конфликт.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, во близина на Енергодар.

Тоа е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест енергетски блокови, секој со капацитет од еден гигават, а од октомври 2022 година е под управување на руски експерти.

Производството во енергетските блокови беше прекинато во септември 2022 година, а од април 2024 година блоковите се во режим на ладно исклучување.

Би можело да ве интересира

Русија: „Нуклеарната централа Запорожје е руски објект, нема заедничко управување“

„По нападот, нуклеарната централа во Чернобил е сериозно оштетена, ширење на радиоактивно зрачење веќе не може да се запре“

А1он

Руски напад врз Запорожје, има мртви и повредени

Иран ѝ забрани на МААЕ пристап до нуклеарни постројки и ги отстрани камерите за надзор

Русија започна нова офанзива во Запорожје

Девојче загина во руско бомбардирање на село во Запорожје