Постигнат договор за повлекување на оружјето со калибар под 100 милиметри

Од:

Претставници на Русија, на Украина и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) синоќа во Минск постигнаа договор за повлекување на оружјето со калибар под 100 милиметри од линијата на фронтот.

Договорот е постигнат три дена пред закажаната средба в петок во Париз на лидерите на така наречената нормандиска група (Русија, Украина, Германија и Франција).

Повлекувањето на оружјето ќе почне на 2. октомври и ќе се одвива во две етапи. Лидерите на двете сепаратистички области до четврток треба да го потпишат документот, со кој се предвидува повлекување на оружјето под 100 милиметри на 15 километри од линијата на фронтот.

Оружјето со поголем калибар е повлечено согласно Договорот од Минск постигнат во февруари.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“