Денеска беше постигнат договор за формирање на нова владина коалиција во Исланд од страна на Левото зелео движење, Партијата на независноста и Прогресивната партија.
Владата на новата коалиција ќе ја предводи претседателката на социјалисточко Лево зелено движење, Кетрин Јакобсдотир.
Официјалното предавање на власта ќе се случи попладнево кога ќе се сретнат досегашната и новата влада со претседателот на државата.
Либерално-конзервативната Партија на независноста добива пет министри во новата влада, а Левото зелено движење и аграгната центристичка Поргресивна партија ќе имаат по три ресора во 11-члениот Кабинет.
Преговорите за новата владеа траеја повеќе од 1 месец, по предвремените парламентарни избори кои што се одржаа на 28 октовмри.
Досегашниот премиер Бјарни Бенедиктсон, чија Партија за независност освои најмногу гласови на изборите, но загуби пет места во Парламентот, ќе биде нов министер за надворешни работи, финансии и правда.