Постигнат договор за формирање влада на национално единство во Авганистан

Од:

Двајцата претседателски кандидати во Авганистан, Ашраф Гани Ахмадзаи и Абдула Абдула, денеска потпишаа договор за формирање Влада на национално единство, со што се става крај на постизборната криза во земјата.

– Денеска, јас, нашиот тим, и др. Гани и неговиот тим, направивме уште еден чекор напред во интерес на засилување на националното единство во земјата… и за да донесеме надеж во подобрата иднина за народот на Авганистан, изјави Абдула Абдула по потпишувањето на договорот.

Ахмадази, пак, рече дека тој и Абдула, кого го нарече брат и колега, се решени „волшебниот круг од немири“ во многу делови на муслимскиот свет да го претворат во победнички круг за народот на Авганистан.

Гани и Абдула најавија дека авганистанската влада на национално единство ќе биде формирана до крајот на август.

До пресврт во надминување на постизборната криза во Авганистан дојде за време на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери, кој денеска се сретна со двајцата претседателски кандидати и успеа да ги убеди да постигнат спогодба за ставање крај на политичката криза во земјата.

Кери и минатиот месец посредуваше во склучувањето договор меѓу двајцата  кандидати. Тој уште тогаш изјави дека одлуката за победникот треба да се донесе со пребројување на сите осум милиони гласачки ливчиња по формирањето на влада на национално единство.

Меѓутоа, двајцата кандидати од тогаш постојано се судираа и околу пребројувањето и околу планот за поделба на власта, без најави дека една од страните ќе го признае поразот.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски