Лидерите на холандските партии ВВД, Д66, ДЦА и ЦУ денеска го најавија постигнувањето на конечен договор за формирање на новата влада на премиерот Марк Руте.
На либерал-демократските и конзервативните партии им требаа повеќе од 200 дена од изборите, кои се одржаа на 15 март, да постигнат договор. Парламентарното мнозинство ќе има само еден пратеник повеќе од минималниот број потребен за формирање на влада. Причината за малото мнозинство е тоа што премиерот Руте реши да ја исклучи второпласираната националистичка партија ПВВ на Герт Вилдерс од било какви коалициски преговори.
Досегашниот најзначаен коалициски партнер на Руте, социјал-демократската ПвдА партија, нема да биде во идната коалиција откако не успеа да освои ни шест проценти на изборите.