Последно сослушување пред најавеното покренување обвинение против Нетанјаху

Од:

Израелскиот државен обвинител и адвокатите на премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска го завршуваат сослушувањето за целата серија обвиненија за корупција против израелскиот премиер.
Адвокатите на Нетанјаху утринава пристигнаа во Министерството за правда во Ерусалим, на четвртиот и последен ден од овој процес на сослушување, наведуваат американските медиуми.

На средбата со државниот обвинител Ави Манделблит и неговиот тим адвокатите инсистираат да издејствуваат откажување од отворање случај против Нетанјаху.

Манделблит уште во февруари препорача покренување обвинение против премиерот за измама, злоупотреба на довербата во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив.

Сослушувањето е конечниот чекор пред донесувањето на одлуката за покренување формално обвинение против премиерот, кој на власт е повеќе од 13 години.

Сето ова се случува во време кога Нетанјаху се бори за политичко преживување по вторите избори во оваа година, на кои немаше победник.

Таканаречениот „Случај 2000“, што беше тема на денешното сослушување, се однесува на наводно договарање со издавачот на тиражниот весник „Једиот ахронот“ за поволно да информира за премиерот во замена за слабеење на конкурентнтскиот дневен весник „Израел хајом“, наведуваат израелските медиуми.

Вчерашното сослушување во „Случајот 1000“ беше фокусирано на обвинување против Нетанјаху дека примил скапоцени подароци од странски милијардери, холивудскиот продуцент Арон Милхан и Австралијанецот Џејмс Пакер. Адвокатите на Нетанјаху, Амит Хадад и Јоси Ашкенази, уште пред почетокот на сослушувањето кажаа дека нема друг избор освен случајот да се затвори.

Првите два дена од сослушувањето, минатата недела, беа фокусирани на наводниот план да се олеснат прописите од кои корист би имал телекомуникацискиот гигант „Безек“ во замена за поволно информирање за премиерот на сајтот на компанијата.

За Нетанјаху сите овие обвинувања се „лов на вештерки“ , притоа тој не пропушти да ги критукува медиумите, полицијата, обвинителите и праводускиот систем.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа