После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска повика на акција во следните недели за политичко решение на војните на Блискиот Исток, изразувајќи надеж дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ја зголемува можноста за нејзино постигнување.

За време на посетата на Израел, францускиот министер рече дека Трамп „никогаш не ја криел желбата да стави крај на бескрајните војни на Блискиот Исток“.

– Значи, условите ми изгледаат погодни за во наредните недели да се придвижам кон дипломатско решение на актуелниот конфликт. Затоа што само силата не може да биде доволна за да се гарантира безбедноста на Израел – рече тој.

Баро повика на прекин на израелското бомбардирање на северот на Газа, означувајќи го спротивно на долгорочните интереси на Израел.

– Палестинското прашање нема да исчезне без оглед на тоа која американска администрација е на функција – изјави тој за новинарите.

Тој го предупреди Иран за понатамошна ескалација и повика на дипломатско решение во Либан.

Францускиот министер се сретна со семејствата на заложниците држени во Газа и со неговиот израелски колега, а потоа отпатува на палестинските територии за да разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Пред да се сретне со израелскиот министер за надворешни работи во заминување, Израел Кац, кој наскоро ќе го замени Јоав Галант на функцијата министер за одбрана, Баро на социјалната мрежа Х напиша дека „можни се дипломатски решенија за ослободување на заложниците, заштита на цивилите и обезбедување безбедност на сите“.

Тој заклучи дека „време е да се стави крај на трагедијата што започна на 7 октомври“ во 2023 година, објави Асошиејтед прес.

Трамп вети дека ќе донесе мир на Блискиот Исток, но не кажа како.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд