На паркинг, блиску до влезот на еден од рестораните за брза храна „Мекдоналдс” во Прага се наоѓаат првите места кои се обележани само за паркирање на автомобили управувани од жени.
Иако не се разликуваат од останатите паркинг места по димензии, натписот ,,жени” на прв поглед може некому да му се чини дека е алузија на лоши возачки способности на понежниот пол, но реалноста е поинаква.
Таквите посебни „женски“ паркинг-места всушност се направени поради безбедносни причини, со оглед дека се наоѓаат блиску до главниот објект и се добро видливи.
Според Драхомира Јиракова, директор за комуникации на чешкиот Мекдоналдс, тоа е реакција на уредбата на ЕУ за заштита на мајките и жените од ненадејни напади и грабежи.
Уредбата нема задолжувачка моќ, туку е само препорака.