Португалија од утре воведува поостри рестриктивни мерки

Од:

Во Португалија од утре се воведуваат поостри мерки против коронавирусот,а со цел да се спречи неговото ширење, пренесуваат британските медиуми.

Заострувањето на мерките особено ќе се однесува на собирањето граѓани, а поостри ќе бидат и казните за нивно непочитување.

-Знам многу луѓе кои се уморни од рестриктивните мерки. Но, јас исто така познавам многу луѓе, особено млади луѓе, кои имаат заблуда дека Ковид-19 е помалку опасен за нив. Тоа е заблуда. Ковид-19 носи ризик за секого, но што е што е уште поважно, носи и висок ризик од пренесување, изјави денеска португалскиот премиер Антонио Кошта.

Собирите од утре се ограничуваат на само пет лица. Максимум 50 лица ќе можат да присуствуваат на свадби и крштевки, а универзитетските забави ќе бидат забранети.

Казните за компаниите што нема да ги почитуваат правилата ќе бидат двојно зголемени од 5.000 евра на 10.000.

Кошта ќе му предложи на парламентот маските да бидат задолжителни на улиците каде што има голем проток на луѓе, како и да се користи апликацијата „Биди што подалеку од Ковид-19“, која „следи“ некои државни службеници.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија