Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска негираше дека рускиот претседател Владимир Путин планира да поднесе оставка.
Тој реагираше на пишувањето на британскиот весник „Сан“, во кое се наведува дека Путин планира да си поднесе оставка поради здравствени проблеми.
„Тој се чувствува одлично“, изјави Песков пред новинарите.