Поршенко: Изборите во Доњецк и Луганск се во спротивност со Договорот од Минск

Од:

Изборите што проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск ги закажа за 2 ноември се во спротивност со договорот од Минск, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко на средбата во Киев со американскиот сенатор Џејмс Инхов, кој е копретседател на сенатската Комисија за вооружените сили.

Според Порошенко, спроведувањето на таквите избори во двете источни украински области, кои во најголем дел се под контрола на проруските сепаратисти, не само што нема ништо заедничко со Протоколот од Минск, договорен на 5 септември годинава, туку е целосно во спротивност со него.

Тој воедно додде дека тие го доведуваат под закана целиот мировен процес, истакнувајќи дека „локални избори во одделни области на Донбас, можат да се оддржуваат само во согласност со украинското законодавство“.

Би можело да ве интересира

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on