Порошенко зборуваше на средбата на лидерите од Европската народна партија во Брисел

Од:

На средбата на врвот на Европската народна партија во Брисел попладнево зборуваше украинскиот претседател Петро Порошенко, јави ИТАР-ТАСС.

Порошенко пред претставниците на водечката политичка сила во ЕУ го претстави своето видување за кризата во Украина и патиштата за изнаоѓање излез од неа.

Меѓу учесниците на средбата на врвот на ЕНП, што го најавува самитот на ЕУ во Брисел, беа лидерите на Германија, Полска, Шпанија и Шведска. Присуствуваат и претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо, неговиот наследник Жан-Клод Јункер, министри од Белгија, Чешка и Италија, претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци