Порошенко спречен да ја напушти Украина, вратен од граница со Полска

Од:

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко доцна синоќа бил спречен да ја напушти земјата и да влезе во Полска, пишува Украинска правда.

Според овој весник, Порошенко се обидел да ја премине границата на преминот Рава-Руска, додека неговата партија „Европска солидарност“ тврди дека властите го ставиле на „црната листа“ и му забраниле да ја напушти Украина.

Потпретседателката на украинскиот парламент Ирина Герашченко, исто така претставник на партијата на Порошенко, изјави дека поранешниот украински претседател има намера да оди на годишната седница на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржува на 29 и 30 мај во Литванија, како дел од делегацијата на Врховната Рада.

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини