Порошенко потврди дека бунтовниците го повлекле своето тешко оружје

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека проруските бунтовници во Источна Украина повлекле „значителен дел„ од своето тешко оружје.

Ова е прв пат,официјален Киев да потврди дека бунтовниците се придржуваат на одредбите од спогодбата во Миннск,постигната минатиот месец меѓу Украина,Русија,Франција и Германија.

Пред три денови,Порошенко се уште ги обвинуваше дека бунтовниците не се придржуваат на спогодбата,иако тие тврдеа дека веќе повлекле наголем дел од своите тенкови и топови.

Според спогодбата од Минск,двете завојувани страни треба да го повлечат своето тешко вооружување од линијата на фронтот до почетокот на март.

Украинскиот претседател изјави дека и воените сили на Украина повлекле,како што рече „лавовски дел„ од своето најтешко оружје-ракетите и тешката артилерја.

Спогодбата предвидува,двете страни меѓу себе треба да создадат „тампон зона„ од најмалку 50 км. кога станува збор за тешките топови,70 км. за ракетите со срден дострел и 140 км. за најмоќното ракетно оружје.

Прекинот на огнот на фронтот се одржува и покрај повремените престрелки,за кои двете страни меѓусебно се обвинуваат.Станува збор за инцидентит што украинските сили и проруските бунтовници ги користат како покритие за повремените прегрупирања на нивните борбени единици на фронтот.

Посматрачите на ОБСЕ се наоѓаат на фронтот од 15 февруари, но Русија и Германија побараа нивниот број двојно да се зголеми за контрола на примирјето.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“