Порошенко од НАТО побара модерно оружје за Украина да се одбрани од сепаратистите

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика земјите членки на НАТО на неговата земја да и испорачаат модерно оружје, за таа да може да се заштити од агресорот, пренесе ТАСС.

Порошенко повикот го упати во интервју  за германскиот весник „Велт“.

Според украинскиот лидер, настаните од последните неколку дена треба да ја натераат Алијансата да почне да дејствува со поголема поддршка за Украина, посебно преку испораки на модерни орудија, за да може земјата да се брани.

– Мирот треба да се брани. Тоа е причината поради која имаме потреба од силна армија со нови орудија. Тоа ќе ни помогне да ги заштитиме цивилите од нападите на терористите со нивното тешко оружје, рече Порошенко за германскиот весник.

Порошенко денеска во Киев ќе  разговара со американскиот државен секретар Џон Кери. Во сабота, пак, на Минхенската безбедносна конференција украинскиот претседател ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден и германскиот канцелар Ангела Меркел, со кои ќе разговара за украинската криза.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата