Порошенко би сакал да биде на местото на Путин?

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко почна „војна“ со корисниците на интернет во Русија кога на интернет постави лажна фотографија од списанието „Економист“ каде е прикажан тој, рамо до рамо, со другите светски лидери, на местото на Владимир Путин.

На насловната страница на списанието „Економист“, прикажан е светот и светските лидери во 2016 година, но Петро Порошенко ја замени годината и наместо 2016 година напиша 2017 година и „постави“ свој лик, наместо оној на Владимир Путин, меѓу индискиот премиер Нарендра Модији британскиот премиер Дејвид Камерон.

Порошенко ја твиташе верзијата за која подоцна се откри дека е подарок од неговата администрација, пренесува РТС.

– Некои подароци не ги прифаќам како комплимент, туку како лична одговорност, напиша Порошенко над поставената фотографија.

Овој потег на Порошенко покрена лавина коментари на интернет. 

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина