Поројните дождови предизвикаа поплави во Чешка, во Германија, во Австрија и во Норвешка

Од:

Поројниот дожд, кој го крена нивото на водата на повеќе реки во Чешката Република и поради што на 50 места во земјата е прогласен трет највисок степен на опасност, кој однесе две жртви, јави дописникот на МИА од Прага.

Во местото Требенице, блиску до чешкиот главен град, во викендица која била однесена од надојдена вода починале една жена и еден маж.

Вонредна состојба е прогласена во 50 места во земјата, а околу 100 патни и железнички правци се затворени.

Во центарот на чешката метропола, поради постојаниот пораст на нивото на водата на реката сообраќајот е ограничен, а повеќе метро и трамвајски станици се затворени.

Зоолошката градина, која се наоѓа во најзагрозениот дел од поплавите почна со транпортирање на животните на безбедни места.

Во вечерните часови е закажана средба на членовите на владиниот Кризен штаб на кој ќе се разгледува план за распределување на средства од буџетот, како и начинот на кој ќе се распоредува Армијата која веќе помага за расчистување на последиците.

Поради обилните дождови нивото на водата на реката Дунав во германскиот град Пасау достигна до 9,3 метри и продолжува да расте со брзина од 20 километри на час.

Надојдената вода ги поплави централните градски улици и подрумите на зградите во Пасау.

– Максималното ниво на Дунав во Пасау изнесува 10,81 метри. Можно е рекордот да биде соборен и последиците се катастрофални, предупреди Доминик Јунг од Германската метеоролошка служба.

Критична е состојбата со надојдените води и во други делови на германската провинција Баварија.

Во меѓувреме се подготвува евакуација на жителите на градот Зербиц, на 40 километри од Лајпциг, каде надојдената водата во реката Плајсе може да го урне заштитниот ѕид на езерото. Спасувачките екипи се во состојба на готовност и во градовите Хемниц и Гера.

Две лица се водат како исчезнати во Ројтлинген, југозападна Германија. Поројните дождови предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето во Австрија, поради што стотици луѓе се евакирани од домовите. Најмалку едно човек загина, а двајца се водат како исчезнати.

Еден работник загина при лизгање на земјиштето во градот Санкт Јохан, а други двајца се водат како исчезнати во провинцијата Салцбург.

Според австриската метеоролошка служба од утре се очекуваат помали врнежи на дожд. Централната улица во норвешкиот главен град Осло денеска е затворена за сообраќај поради поплавите предизвикани од поројните дождови. Нивото на водата во некои делови достигнува од 30 до 40 сантиметри.

Поплавени се поголем број куќи и продавници. Полицијата и пожарникарите им укажуваат помош на настраданите граѓани.

Поради минатонеделните поплави во јужните и централните делови на Норвешка беа евакуирани повеќе од 500 луѓе.

Брзото топење на снегот од планините и поројните дождови доведоа до излевање на реките. Според проценките на осигурителните куќи во последните две недели причинета е штета во висина од 45 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски