Порно индустријата застана зад Обама

Од:

Американската порноиндустрија сака претседателот Барак Обама да владее уште четири години. Работниците во индустријата за полнолетни лица изјавија дека нивен фаворит е актуелниот американски претседател пред предизвикувачот, републиканецот Мит Ромни, и тоа во сооднос пет спрема еден. Анкетата ја направил водечкиот сајт од оваа индустрија (Xbiz.com).

Од 399 анкетирани глумци, 68 отсто се за Обама, додека само 13 отсто повеќе сакаат да го видат Ромни во Белата куќа. Вкупно 14 отсто се изјасниле дека сакаат некој друг на претседателската функција, додека 5 отсто одговориле дека им е сеедно. Резултатите од оваа анкета воопшто не биле шокирачки за двајцата водечки луѓе во порноиндустријата.

Основачот на Хастлер Лари Флинт, уште во септември објави реклами во Вашингтон пост и Ју-ес-еј тудеј нудејќи милион долари во кеш за доказ за какви било матни финансиски зделки на Ромни. Флинт изјави дека воопшто не е изненаден од фаворитскиот статус на Обама во индустријата. Со него се согласи и Стивен Хирш од Вивид ентертејнмент.

– Овие резултати воопшто не изненадуваат бидејќи повеќето луѓе во порноиндустријата имаат либерални гледишта за владата и за тоа како треба да функционира. Социјалните проблеми се поважни од фискалните проблеми и тие ќе го поддржат оној што ги дели нивните верувања – изјави Хирш.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД