Поранешните источногермански комунисти ќе управуваат со Турингија

Од:

Германските левичарски партии постигнаа договор за „историска коалиција„ според која, првпат од падот на комунизмот, еден екстремно левичарски политичар ќе биде регионален премиер во сојузната покраина Турингија во источна Германија.

Според овој договор, Бодо Рамелоф од партијата Левица, треба да ја предводи регионалната влада. Социјалистите од оваа екстремно левичарска партија и порано беа дел од неколку коалициски регионални владини кабинети, но тие никогаш досега од падот на Белинскиот ѕид, не предводеле една таква влада.

Партијата Левица е наследник на некогашната Единствена социјалистичка партија на поранешна Источна Германија, која управуваше со земјата од нејзиното создавање по Вторатата светска војна, па до падот на Берлинскиот ѕид во ноември 1989 година.

Договорот за „историската коалиција“ е постигнат меѓу поранешните источногермански комунисти, социјалдемократите, кои се партнер во актуелната сојузна германска Влада, и партијата на зелените.

Рамелоф и Левицата тврдат дека со Турингија ќе управуваат „прагматично и со амбиција за постигнување на повторно обединување“. Враќањето на некогашните источногермански комунисти доаѓа само десет дена по одбележувањето на 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете германски држави.

Именувањето на Бодо Рамелоф за регионален премиер, треба да биде потврдено на 5 декември од Собранието на оваа германска сојузна покраина.

Претседателот на Германија, Јоаким Гаук изјави дека луѓето кои живееја во комунизмот на германскиот Исток „тешко ќе може да прифатат, една регионална влада да биде раководена од социјалисти“.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски