Поранешниот романски претседател Трајан Басеску ќе стане член на Партија Национално движење

Од:

Поранешниот романски претседател Трајан Басеску денеска изјави дека кон крајот на овој месец или на почетокот на октомври ќе стане член на Партијата Народно движење, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Басеску, кој беше претседател на Романија два мандата од 2004 до 2014 година, рече дека ја вложува „целата надеж и енергија” во успехот на формацијата Народно движење како силна опозициска партија.

Поранешниот романски претседател говореше пред симпатизерите на десничарската формација во градот Таргу Жиу.

– Се наоѓаме на почетокот на изградба на нова партија, која не е склона кон компромиси. Јас сметам дека е партија на иднината, рече Басеску и искажа намера за изградба на силна опозициска партија, која ќе дојде на власт по изборите во есента 2016 година.

На претседателските избори на крајот на 2014 година Трајан Басеску немаше право да се кандидира за нов мандат. Тој не крие дека се уште има политички амбиции, а романските медиуми постојано погодуваат какви точно.

Догодина во Романија треба да се спроведат локални и парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски